Во интервју за Си-ен-ен, ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, посочи дека не му се допаѓа технологијата ВАР која се воведува во фудбалот во изминатиов период. Популарниот Фараон вели дека убавината на фудбалот е и во судиските грешки, исто како што фудбалерите знаат да погрешат.
„Мојот одговор секогаш ќе биде дека не ми се допаѓа. ВАР ја прави играта да биде многу пофер, а тоа не е секогаш добро. Убавината на фудбалот е и во грешките, како судиски, така и наши. Понекогаш е во ред да се заштитат фудбалерите, но спорните моменти го прават овој спорт многу повозбудлив од останатите. На пример, во финалето против Тотенхем, ВАР ми помогна на добијам пенал, а знам дека и оваа сезона ќе се судат многу повеќе пенали во моја корист“, истакна Салах.
Од оваа сезона ВАР е воведен и во Премиер лигата, а веќе се виде на дело во дербито од минатиот викенд меѓу Манчестер сити и Тотенхем, во кое на Граѓаните им беше поништен гол за победа во судиското надополнување.
VAR continues to divide opinion. Mo Salah tells @cnnsport he's not a fan: "I love football how it is." https://t.co/DTFQQhmg6b pic.twitter.com/MvD70NcsoW
— CNN International (@cnni) August 20, 2019