Салах пак покажа колку е хуман – Донира 150.000 долари за реновирање на изгорена католичка црква во Гиза

Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, уште еднаш ја покажа хуманоста на дело. Овојпат голгетерот на Црвените донираше над 150.000 долари за реновирање на католичка црква во Гиза, која претрпе огромна штета во пожар.

Парите, секако, не му се проблем, летово Салах потпиша нов долгогодишен договор со Ливепрул според кој стана најплатен фудбалер во екипата. И во блиското минато ја покажуваше хуманоста.

Во екот на пандемијата од корона-вирусот, Салах донираше над три тони храна за граѓаните на Египет. Има донирано средства за изградба на локални болници, прочистителни станици за вода. Цел Египет му е благодарен на популарниот Фараон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести