Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, само неколку дена откако се најде во центарот на внииманието на англиската јавност поради кавгата со Јирген Клоп за време на дуелот со Вест хем, по кој Црвените испаднаа од трката за титулата, ги договорил личните услови со саудискиот Ал-Итихад и налето ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Управата на Ал-Итихад е подготвена во летниот преоден рок да понуди отштета од 150 милиони евра, што претставува рекордна сума откако саудиските екипи минатото лето направија бум на трансфер-пазарот и донесоа голем број ѕвезди.
Весникот „Мирор“ пишува дека Ливерпул нема да ја одбие понудата од 150 милиони евра бидејќи договорот на Салах со Црвените истекува идното лето и наводно двете страни веќе започнале преговори за трансферот кој треба да биде официјализиран на први јули.