29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Салах по рекорден трет пат ја доби најрелевантната награда во Премиер лигата

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за најдпбар играч во Премиер лигата во изборот на ПФА (Професионалната фудбалска асоцијација). Оваа награда се смета за најрелевантна затоа што во гласањето за најдобар учествуваат самите фудбалери.

На свеченост во Манчестер, Салах го прими признанието и испиша историја, затоа што е првиот фудбалер кој успеал три пати да ја добие оваа награда (беше најдобар и во 2018 и 2022 година).

Конкуренција на Салах му беа Алекс Мекалистер, Александер Исак, Делкан Рајс, Кол Палмер и Бруно Фернандеш. Салах во минатата сезона одигра 52 меча за Ливерпул во кои постигна 32 голови, а имаше и дури 23 асистенции.

За најдобар млад фудбалер беше избран Морган Роџерс од Астон вила, кој победи во конкуренција на Лиам Делап, Дан Хујсен, Милош Керкез и Итан Нванери.

- Оглас -

Најнови вести