Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на Африканскиот куп на нации, откако по голема битка и по подобро изведување на пенали го победи Египет. Во регуларниот дел мечот заврши без голови, па победникот мораше да се решава со пенал-рулет.
Почетокот на пеналите не беше добар за Нигерија затоа што промаши Деле-Баширу, но потоа се случи дебакл за најголемите ѕвезди на Египет. Најпрво Мохамед Салах промаши во првата серија, а потоа непрецизен беше и Омар Мармуш од Манчестер сити во втората серија.
Кај Нигерија, во следните четири пенал серии погодија сите играчи, па Орлитестигнаа до победа од 4:2 на пенали и се радуваат на бронзениот медал.

