Мохамед Салах се збогуваше со Африканскиот куп на нации потажно од кога било, затоа што ова најверојатно беше последната голема шанса да го освои трофејот со репрезентацијата на Египет.
Египет со 1:0 загуби од Сенегал и не успеа да се избори за место во финалето. Статистиката од полуфиналниот дуел е поразителна за Египет, посебно за Салах.
Сенегал славеше со 1-0 во меч на кој и статистиката покажа дека е подобар од Египет. Натпреварот заврши со сооднос на шутеви од 12:2 во корист на Сенегал, а Египќаните својот единствен шут во рамките на голот го имаа во 94-тата минута од натпреварот, што многу зборува за супериорноста на Сенегал.
Статистиката на Мохамед Салах е особено впечатлива, бидејќи јавноста го критикува што „не се појави“ во полуфиналето. Верувале или не, за прв пат во животот Мохамед Салах не ја допре топката во шеснаесетникот на противникот, а ова многу зборува за беспомошноста и на Египет и на самиот Салах.
Исто така, Салах има добиено само четири од 15 дуели, а ја изгубил топката 14 пати во текот на натпреварот. Тој не успеал да испрати ниту еден удар кон голот, а има само девет точни додавања за 90 минути игра.
Салах сè уште не освоил ниту една титула шампион на Африка и малку е веројатно дека ќе освои ниту една кога ќе го погледнеме квалитетот на Египет, кој постојано опаѓа, и напредокот на Мароко, Сенегал, Алжир и Нигерија.

