Салах размислува за заминување од Ливерпул, желба му е шпанската лига

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, сака да го напушти Црвените по завршувањето на оваа сезона, најавуваат француски медиуми.

Египќанецот сметал дека неговиот тим веќе го постигнал полниот потенцијал, и подготвен е за нов предизвик. Истите извори тврдат дека најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул според бројот на премиерлигашки голови, си ја избрал следната дестинација, а тоа е шпанската лига.

Реал Мадрид и Барселона се веројатно единствените кои би можеле да го платат, па има шанси следната сезона во Ел Класико да го гледаме Салах кој досега настапувал за Ливерпул, Рома, Челзи, Фиорентина, Базел и Ел Мокавлон.

- Оглас -

Најнови вести