Салах: „Се надевам дека нема да отстапиме од вистинскиот пат“

Ливерпул со двата гола на Мохамед Салах победи на тешкото гостување кај Борнмут и им побегна на Арсенал и Нотингем форест на +9. „Црвените“ газат кон титулата, а еден од најзаслужните за тоа секако дека е репрезентативецот на Египет.

„Треба да останеме смирени и да одиме натпревар по натпревар. Не треба да гледаме кон иднината, затоа што најважна е следната битка. Се чувствувам одлично бидејќи постигнувам многу голови, а тимот победува. Главната цел е да ја освоиме Премиер лигата. Се движиме по вистинскиот пат и се надевам дека нема да отстапиме од него.“ – коментираше Мохамед Салах после победата над Борнмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести