Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој има феноменална клупска сезона, призна дека сега зборува многу повеќе со својот поранешен тренер Јирген Клоп отколку кога Германецот беше на чело на Црвените.
Од оваа сезона на клупата на Ливерпул е Арне Слот, а Салах продолжи да постигнува многу голови како и во ерата на Клоп, но го зголеми бројот на асистенции.
„Сега разговарам со Јирген Клоп повеќе отколку порано. Си пишавме многу пораки во последните неколку месеци. Ме праша за семејството, ми честиташе за натпреварите и за пласманот во финалето. Ми кажа и кога планира да дојде да го гледа Ливерпул“, изјави Салах.