14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Салах стана деветти најдобар стрелец во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул во осмото коло од англиската Премиер лига го совладаа Челзи со 2-1 и се вратија на првото место на табелата.

Ливерпул го отвори резултатот во 29-та минута, кога Мохамед Салах постигна гол од пенал, откако Кертис Џонс беше фаулиран во шеснаесетникот на Челзи.

Со овој погодок, Салах се искачи на деветтото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на Премиер лигата. Египќанецот досега има постигнато 162 гола, делејќи ја таа позиција со Џермeјн Дефо, а следен на листата е Роби Фаулер со исто така 162 погодоци.

Победничкиот гол за Ливерпул беше дело на Кертис Џонс.

- Оглас -

Најнови вести