Салах: „Уништен сум. За ова нема никакво оправдување“

Ливерпул и дефинитивно нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Ова е првпат Црвебните под водство на Јирген Клоп да не обезбедат пласман во елитното натпреварување и следната сезона се селат во Лигата на Европа.

Sвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, ја коментираше ваквата ситуација.

„Потполно сум уништен. За ова нема никакво оправдување. Имавме сè што ни беше потребно за следната сезона да играме во Лигата на шампионите и не успеавме. Ние сме Ливерпул и пласманот во Лигата на шампионите е некој минимум. Жал ми е, ве изневеривме и вам и себе“, вели Салах.

- Оглас -

Најнови вести