Салах ургираше во составот на Египет да се врати избрканиот играч

Играчот на ПАОК, Амр Варда сексуално вознемирувал две девојки и се најде во центарот на сексуален скандал, откако беа објавени фотографии на интернет. Поради тоа, селекторот на Египет, реши да го исфрли Варда од селекцијата која е домаќин на Африканскиот куп на нации. Варда, заедно со уште еден соиграч чие име не е откриено, им понудиле на девојките да дојдат дојдат во нивните соби, но биле одбиени.

„Не сакав да одам во нивната соба. Потоатие станаа многу агресивни, а Варда се однесуваше одвратно. Тој не е нормален. Се однесува како сексуален предатор. Со месеци ме малтретираше и ми се закануваше“, изјави една од девојките.

На страна на Варда застанаа поголем дел од играчите на Египет, кои сакаа тој да биде вратен во националниот тим. Меѓу првите кои ургираа да се врати Варда, беше капитенот Мохамед Салах. Ѕвездата на Ливерпул вели дека секој играч заслужува втора шанса.

„Претседателот Хани Абу Реда го пофали духот на солидарност меѓу играчитеи нивната желба да му се прости на Варда и да му биде укината суспензијата“, стои на официјалната страна на египетската фудбалска федерација.

Варда објави видео во кое јавно се извинува на семејството, на соиграчите и на сите оние на кои им наштетил со своето однесување.

 

- Оглас -

Најнови вести