Салах: Во финалето го сакам Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, по пласманот во финалето на Лигата на шампионите, порача дека за ривал во париското финале го посакува Реал Мадрид.

„Со Сити сме ривали и многу често играме меѓу себе. Искрено, во финалето посакувам да играме против Реал Мадрид. Минатиот пат загубивме финале од нив, овојпат сакам да победиме“, рече Салах.

Египќанецот во 2018 година рано го напушти финалето против Реал поради повреда здобиена во еден дуел со Серхио Рамос.

За разлика од Салах, Вирџил ван Дајк не преферерира никого.

„Двата тима се кошмарни. Со Сити меѓусебно многу добро си ги знаеме добрите и слабите страни, а Реал Мадрид си е Реал Мадрид, голем клуб со фантастичен напаѓач“, изјави Холанѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести