28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Салах во последен миг од пенал донесе триумф за Ливерпул (Видео)

Ливерпул со многу мака успеа да го победи Барнли со 0-1 и го продолжи максималниот ефект на стартот од сезоната во Премиер лигата. Мохамед Салах од пенал во 95-тата минута погоди за триумф, а Ливерпул има максимални 12 бода по четири кола.

Новото засилување Александер Исак не беше во составот на Ливерпул, а Арне Слот денеска немаше некој посебно расположен играч во тимот.

Но, во 84-та минута Барнли остана со играч помалку, а во 94-та минута беше досуден пенал поради игра со рака на еден домашен фудбалер.

Мохамед Салах не простува такви грешки, погоди од белата точка и донесе победа за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести