Фудбалерите на Ливерпул и Борнмут ја отворија новата сезона во Премиер лигата со возбудлив натпревар на „Енфилд“, кој заврши со победа на домаќините од 4-2. Сепак, резултатот овојпат беше во втор план. Атмосферата пред, за време и по мечот беше исполнета со тага и емоции, бидејќи ова беше првиот официјален натпревар на „Енфилд“ по трагичната смрт на Диого Жота.
По последниот свиреж, играчите на Ливерпул застанаа пред трибините, каде што навивачите ја пееја песната посветена на Жота. Еден од најпогодените беше Мохамед Салах, кој со солзи во очите аплаудираше кон публиката и беше последниот кој го напушти теренот.
Салах и Жота заедно играа пет години во Ливерпул и изградија блиско пријателство. Египќанецот дури и својот гол против Борнмут го прослави на истиот начин како што тоа го правеше Жота, како последна почит кон својот соиграч и пријател.
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025