Салах во втората минута промаши „пенал“ против Реал, Борусија води против Сити

Ливерпул со Салах, Мане и Фирмино во нападот уште од првата минута тргна во офанзива против Реал Мадрид. Англискиот гигант уште по неполни две минути, имаше шанса да постигне гол, но Салах не успеа да погоди од „пенал“ позиција.

Египетскиот репрезентативец доби одлична топка и од близина на пеналтикот шутираше, но неговиот удар со нога го одбрани голманот на Реал, Тибо Куртоа. Белгискиот репрезентативен чувар и во продолжение имаше уште две одлични одбрани, па по првите 10-тина минути на „Енфилд роуд“, резултатот е 0:0.

Во вториот меч кој се игра вечерва, Борусија Дортмунд брзо стигна до посакуваната предност од 1:0 против Манчестер сити. Тинејџерот Џуд Белингем погоди во 15-тата минута. Погодокот на Милионерите може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести