18.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Салах втор во историјата на Премиер лигата по најмногу голови на еден стадион

Мохамед Салах вчера во победата на Ливерпул над Астон вила од 2-0 постигна гол, кој беше негов 250-ти за Ливерпул во сите натпреварувања, а 107-ми на стадионот „Енфилд“ во Премиер лигата.

Со тоа Салах се искачи на второто место во историјата на Премиер лигата по бројот на голови на еден стадион, надминувајќи го Серхио Агуеро, кој постигна 106 на „Етихад“ во Манчестер. Пред Салах е само рекордерот Тјери Анри, кој го држи рекордот во лигата со 114 премиерлигашки гола на „Хајбери“ во Лондон.

Ова значи дека на Салах му требаат само уште 8 гола на „Енфилд“ за да стане фудбалерот со најмногу постигнати голови на еден стадион во англиската елита.

- Оглас -

Најнови вести