Мохамед Салах го игра најдобриот фудбал во својата кариера.
Напаѓачот на Ливерпул редовно ги тресе мрежите на противниците, а во последно време се актуелизираше темата за обнова на неговиот договор.
Неговите агенти сè уште не можат да пронајдат заеднички јазик за платата со менаџментот на тимот, а таквата ситуација се обидува да ја искористи Барселона.
Доколку преговорите пропаднат, каталонскиот тим е спремен да ги исполни барањата на Салах и да започне преговори со Ливерпул.
„Во моментов сум во Ливерпул и сакам да останам таму, но не се знае каде ќе бидам во иднина.
Одлуката е во рацете на менаџментот и тие треба да го решат ова прашање. Нема никакви проблеми, но согласност мора да има.
Финансиите покажуваат колку клубот ве цени и колку е подготвен да направи сè за да останете, но тука не се проблем само финансиите“, изјави Салах.
Договорот на Салах со Ливерпул истекува во јуни 2023, а според него, Салах тој уште во јануари истата година ќе може да си пронајде нов клуб доколку го напушти тимот од „Енфилд“.