Салах за малку ќе го расплачел Клоп

Ливерпул го растури Арсенал во мечот кој требаше да биде дерби во ова коло во Англија. „Топчиите“ поведоа со 1:0, но тоа како да ги налути играчите на Ливерпул, па до крајот на дуелот, Арсенал прими пет гола. Триото на Ливерпул, Роберто Фирмино-Мохамед Салах-Садио Мане, на надобар можен начин си ја заврши работата.

Фирмино стана само трет Бразилец кој постигнал хет-трик во Премиер лигата, а по еден гол дадоа Салах и Мане. Најзаслужен за хет-трикот на Фирмино е Салах, кој му дозволи на Бразилецот да го шутира вториот пенал на мечот. Тој момент едноставно го воодушевил тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Иако имавме голема предност, знаевме дека мечот не е готов. Мо Салах му ја отстапи топката на Фирмино да го шутира пеналот. Речиси ќе заплачев кога го видов тој потег, бидејќи знам колку Мо сака да дава голови. Тоа беше фантастичен потег од негова страна“, рече Клоп, кој го одведе тимот до 17 победа во 20 меч и уште е без пораз сезонава.

Ливерпул е во обид да стигне до првата титула по 1990 година во Англија. Моментно има девет бода пред Тотенхем, додека Манчестер сити утре гостува на Саутемптон и со евентуална победа, може да ја намали разликата на седум бода.

- Оглас -

Најнови вести