Салах за смртта на Жота: Никогаш не помислив дека ќе се плашам да се вратам во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, се огласи преку социјалните мрежи во врска со веста за смртта на соиграчот Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа со својот брат Андре Силва.

„Без зборови сум. До вчера никогаш не помислив дека ќе се плашам да се вратам во Ливерпул по пауза. Соиграчите доаѓаат и си одат, но не вака. Ќе ми биде навистина ептен тешко да се помириме со фактот дека Диого нема да биде таму кога ќе се вратиме. Моите мисли се со неговата сопруга, неговите деца и, секако, со неговите родители кои ненадејно ги загубија своите деца. На оние кои се блиски со Диого и неговиот брат Андре им е потребна сета можна поддршка. Тие никогаш нема да бидат заборавени“, напиша Салах.

- Оглас -

Најнови вести