Мохамед Салах одигра 90 минути во победата на Ливерпул над Марсеј во Лигата на шампионите, но медиумите на Островот повторно ја отвораат темата за негово заминување од „Енфилд роуд“.
Според шпекулациите, Салах ќе го напушти Ливерпул уште месецов и ќе се пресели во Саудиска Арабија, од каде има интерес од три екипи, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Итихад. Иако не се споменува за која сума би го ослободиле, со оглед дека договорот му истекува летото 2027 година, сепак, британските медиуми најавуваат кој ќе биде неговиот наследник.
Се работи за Јан Диоманде од Лајпциг, репрезентативец на Брегот на Слоновата коска кој во моментов вреди 45 милиони евра.
Понудата од Ливерпул за бундеслигашот се очекува да биде 100 милиони евра за негов трансфер уште зимава, но најавите од Германија се дека тоа нема да биде доволно и „црвените“ ќе мора да додадат уште 20 милиони евра ако го сакаат 19-годишниот фудбалер.

