3010 Салернитана – Јувентус (20:45 ч.)
Во есенскиот дел од сезоната, Јувентус во Торино одигра само 2:2 против Салернитана, и тоа фаворитот од пораз се спаси со гол во 93-тата минута. Поради неправилности во работењето, Старата дама беше казнета со одземање 15 бода, а тоа ја наруши и атмосферата во екипата, па во последните три кола, Јувентус освои само еден бод.
Салернитана со 21 бод и доколку успее да го победи гигантот, на табелата ќе биде подобропласирана од Старата дама. Со 38 гола во 20 меча, Салернитана е екипата со најслаба одбрана, па сигурно треба да се очекуваат голови.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)
6000 Фламенго – Ал-Хилал (20 ч.)
Полуфинале на Светското клупско првенство, а секако дека фаворитската улога е на страна на бразилскиот гигант, кој е и шампион на Јужна Америка. Ал-Хилал е екипа во која многу вложуваат богатите газди од Саудиска Арабија, па успеа да го елиминира првакот од Африка, мароканскиот Видад.
Сепак, преголемо изненадување би било ако сега успеат да бидат подобри и од Фламенго.
Предлог тип: 1&2-4 (2.07)
1011 Блекпул – Хадерсфилд (20:45 ч.)
Дуел на две екипи кои се во зоната за испаѓање, што значи дека ова е многу значаен меч и за домаќините и за гостите. Блекпул сезонава дома има само три победи во 13 натпревари, но од друга страна, Хадерсфилд е најслаб гостин само со две победи од 13 дуели на туѓ терен.
Во есенскиот дел од сезоната, Блекпул победи на гости со 1:0 и сега ја има фаворитската улога.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.64)
2842 Ајнтрахт Франкфурт – Дармштат (20:45 ч.)
Дуел од осминафиналето во Купот на Германија, а Ајнтрахт, кој е на пет бода од лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, е фаворит против второлигашкиот ривал. Дармштат е второлигаш, но очигледно е дека има силен тим со квалитет за бундеслигашко друштво затоа што првиот и единствен пораз оваа екипа сезонава го има на 16 јули минатата година.
Тоа значи дека повеќе од половина година, односно 26 меча во сите натпреварувања, Дармштат е без пораз, па затоа гостите сигурно ќе се обидат да им дадат силен отпор на домаќините.
Предлог тип: ГГ3+ (1.99)
1126 Шефилд јунајтед – Врексам (20:45 ч.)
Ова е повторен дуел од 16-финалето на ФА купот, а Шефилд јунајтед е голем фаворит. Тоа е тим кој е втор во Чемпионшип и атакува на пласман во Премиер лигата следната сезона, додека Врексам е петтолигаш и се натпреварува во полупрофесионална лига. Сепак, Врексам пред една недела беше на чекор од сензација да победи, а Шефилд се спаси со гол во 95-тата минута, кога израмни на 3:3.
Предлог тип: 1-1 (2.23)