Салернитана успеа чудесно да се спаси и да остане во Серија А, благодарение на фуриозната завршница. Иако во последното коло овој тим беше поразен со 4:0 од Удинезе, но на крајот нивните навивачи имаа големи причини за славје.
Еден од главните „виновници“ за опстанокот на клубот е спортскиот директор Валтер Сабатини, кој што важи за еден од најдобрите во Италија.
Тој го донесе Давиде Никола, а тоа значеше и подобрување на резултатите, а на крај и голема радост. Во овој тим веќе настапува Франк Рибери, кој што го продолжи договорот на уште една сезона, а според информациите од Апенините Салернитана го посакува Единсон Кавани.
Уругваецот ја заврши својата авантура во Манчестер јунајтед и сега е слободен агент.
Останува да се види дали Сабатини ќе успее да режира уште едно чудо и да го доведен искусниот голгетер во своите редови.