На Салернитана ѝ забранија да патува за Удине, мечот со Удинезе е одложен

Двајца фудбалери на Салернитана и неколку луѓе во фудбалската експедиција на тимот од Салерно се позитивни на ковид-19 и не им е дозволено да патуваат за Удине, па мечот со Удинезе е одложен.

На тестирањето непосредно пред летот за Удине тестовите покажале дека има заразени во таборот на последнопласираната екипа во Серија А, па денеска од 18.30 часот нема да се игра фудбал на „Дачија арената“.

Останатите два денешни дуели од 19-тото коло меѓу Џенова и Аталанта и Јувентус и Калјари ќе се играат од 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести