Салернитана го договори Рибери, сега тргнува по Давид Луиз

Салернитана утре би требало да го комплетира трансферот на францускиот ветеран Франк Рибери, кој доаѓа од Фиорентина и треба да потпише едногодишен договор откако ќе ги мине лекарските тестови, а сега клубот од Салерно се амбицираше да ја поднови и одбраната, со бразилскиот ветеран Давид Луиз, кој играше за Арсенал.

Салернитана после 22 години се врати во Серија А, но имаше два порази во првите две кола, па управата сака да го засили составот. Куиз кој има 34 години, од крајот јуни наваму е слободен играч откако му истече договорот со лондонските Топчии. Интерес за Луиз има и од Фламенго, но тој прво чека понуди од Европа, а ако не прифати ниту една, ќе се врати во Бразил.

- Оглас -

Најнови вести