19.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Салиба го продолжи договорот со Арсенал до 2030

Вилијам Салиба официјално го продолжи својот престој во Арсенал со нов долгогодишен договор до 2030 година. Дваесет и четиригодишниот дефанзивец од 2019 година е дел од тимот на „Емирати“, каде што досега забележа 140 настапи во сите натпреварувања.


Иако Реал Мадрид покажа интерес за него, новиот договор му донесе стабилност на клубот, кој ја обезбеди иднината на еден од столбовите во одбраната на тимот на Микел Артета.

„Вилијам е омилен меѓу сите играчи и персоналот, што зборува многу за неговиот карактер, посветеноста и ставот секој ден. Од моментот кога дојде, тој напредува многу, презеде одговорност и создаде силна врска со навивачите и со сите во клубот. Знаеме дека има уште многу да даде и ќе продолжиме заедно да се усовршуваме со цел да освојуваме големи трофеи“, истакна менаџерот Микел Артета.

Салиба додаде дека е среќен што ја осигури иднината во Арсенал.


„Горд сум бидејќи првпат потпишав во 2019 година, а сега, во 2025, продолжувам да бидам тука и го продолжив договорот. Среќен сум и се чувствувам како дома. Имаме одличен тим, добар состав и стручен штаб. Артета е совршен менаџер за мене, па ова е најдоброто место каде што можам да бидам. Секој ден кога го носам овој дрес е уживање, давам сè од себе и сега ќе давам уште повеќе за клубот и за навивачите“, истакна Салиба.

Според британските медиуми, следниот клучен играч што Арсенал планира да го врзе со нов договор ќе биде Букајо Сака.

- Оглас -

Најнови вести