Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека се надева на нов договор со клубот. Францускиот репрезентативец има уште две години од актуелната соработка, но откако неговиот партнер во одбраната Габриел веќе го продолжи својот договор ова лето, прашањето за иднината на Салиба повторно стана актуелно. За него има сериозен интерес од Реал Мадрид.
По победата со 3-2 над Њукасл во претсезоната, Салиба истакна дека планира да остане во Арсенал.
„Да, се надевам“ одговори тој на новинарско прашање дали е во план продолжување на неговиот договор.
„Се разбира, засега нема ништо официјално, но постојат добри разговори меѓу мојот агент и клубот. Ќе видиме како ќе се развиваат работите“, посочи Французинот.
Салиба е клучен играч во одбраната на Арсенал, а неговото задржување е еден од приоритетите на менаџерот Микел Артета за долгорочната стратегија на тимот.