Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, пристигна во Торино, каде треба да разговара со раководството на Јувентус во врска со евентуалниот трансфер на Матајс Де Лихт од Јуве во Баерн.
Баварците се заинтересирани за холандскиот дефанзивец, и затоа популарниот Брацо кој играше за Јуве од 2007 до 2011 година, сега како директор замина на директни преговори со својот некогашен клуб.
Старата дама би го продала Де Лихт, но за 80 милиони евра. Новинарите кои го начекаа Салихамиџиќ на аеродромот во Торино го прашаа Босанецот какви се шансите да го купат Де Лихт, а одговорот беше: „Ќе видиме“.