25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Салихамиџиќ со остри критики кон играчите на Баерн Минхен

Изминатиот викенд Баерн Минхен беше поразен на гостински терен од Баер Леверкузен со 2-1. Тоа значеше дека Баерн ѝ ја отстапи лидерската позиција на Борусија Дортмунд, ситуација на која воопшто не се навикнати во клубот од Баварија.

Многу критики можеа да се прочитаат во германските медиуми за играта на фудбалерите на Баерн, но остра реакција пристигна и од спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ. Тој за германските медиуми го критикуваше тимот дека не може секој натпревар да се добива со индивидуален квалитет на поединецот, туку сите мора да играат како екипа и да победуваат. Доколку Баерн Минхен сака да продолжи да се бори за трофеите на сите фронтови, ќе мора најпрво играчите да го променат менталниот склоп, а потоа и да играат на препознатливото ниво, дополни Салиџамиџиќ.

- Оглас -

Најнови вести