Некогашниот шпански репрезентативец и екс фудбалер на Барселона кој во 1994 година даде два гола против Македонија во Скопје, смета дека изминатата сезона била лоша за фудбалската секција на Каталонците.
Барса е доминантна во Шпанија во првенството за жени, освои титула и во футсал, но не направи ништо во она главното, машкиот фудбал, кој привлекува и најголем интерес.
„Ајде да излеземе на улица и да ги прашаме луѓето дали знаат кој е шампион во футсал? Нема да знаат 99 проценти од луѓето. Или нека кажат четворица играчи од футсал тимот на Барса, и тоа нема да знаат. Успесите на жените и футсалот не може да го покријат првиот фудбалски тим“ – вели Салинас, кој често критикува за разни работи кои се случуваат во Барселона.