Салцбург гази без пораз, но Лајпциг е фаворит во пресметката на Ред Бул

Лигата на Европа секогаш е интересна за играње, а денеска на распоред се 24 натпревари. Се игра петтото коло, фазата по групи е при крај, па и просторот за калкулации е сè потесен.

Во фокусот повторно ќе биде дуелот меѓу тимовите под патронатот на Ред Бул, Салцбург и Лајпциг, а и од двата табора ги отфрлаат сите шпекулации и сомнежи дека е можно да калкулираат со исходот.

Еве го нашиот избор на пет предлог-типови за денеска:

 

Салцбург – Лајпциг (18.55 часот)

Братските клубови под патронатот на Ред Бул повторно ќе играат меѓу себе, овојпат во Австрија. Првиот дуел во Германија го доби Салцбург со 3-2, а сега од Лајпциг порачуваат дека е време за реванш. На германскиот тим очајно му треба победа за да ја продолжи битката со Селтик за втората позиција во групата Б. Салцбург е неприкосновен со четири победи и максимални 12 бодови, но денеска е во позиција на аутсајдер според коефициентите.

Предлог тип: 2&ГГ (3.60)

 

Баер Леверкузен – Лудогорец (18.55 часот)

Германскиот тим веќе обезбеди настап во следната фаза во Лигата на Европа и комотно може да се посвети на дуелите од Бундеслигата. Лудогорец ги загуби сите шанси да презими во Европа и на „Бај арената“ може да игра релаксирано, без притисок.

Првиот меч меѓу двете екипи во Бугарија беше многу интересен и со пет голови. Лудогорец веројатно тогаш ја пропушти шансата да мине понатаму, откако прокоцка предност од 2-0 и загуби со 2-3. И двете екипи играат напаѓачки фудбал и повторно се чини дека најдобар избор е да се типува на голови.

Предлог тип: 1+I и 2+II (2.35) Квота на денот

 

Ворскла – Арсенал (18.55 часот)

Многу перипетии има околу вториот меч меѓу овие две екипи, а причина е безбедносната ситуација во Украина. И мечот беше преместен од Полтава во Киев, што е дополнителна предност за гостите.

Арсенал ја декласира Ворскла на првиот меч во Лондон, победи со 4-2, но имаше предност и од 4-0. Разликата во класа е голема во полза на топчиите, а тие веќе го имаат обезбедено пласманот понатаму во Лигата на Европа. И кога Арсенал е во таква позиција, релаксиран, обично знае да одигра натпревари со многу голови, а и полесно победува.

Ворскла има минимални шанси да презими во Европа, но ако сака да остане во игра, мора да победи, што е добра најава за отворен меч во Киев.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.60) Квота на денот

 

Фенербахче – Динамо Загреб (18.55)

Ова е уште еден меч каде што едната екипа веќе си има обезбедено настап во продолжението од ова натпреварување, а тоа е клубот од Загреб. Адеми и соиграчите нанижаа 4 победи со одлична гол-разлика 11-3 и им треба еден бод вечерва во Истанбул да го запечатат првото место.

Веројатно реми ќе му биде доволно и на Фенербахче за да му се приклучи на Динамо во следната фаза. Елиф Елмас и соиграчите мора да мислат и на мечевите од турското првенство, каде што се наоѓаат во мошне незавидна позиција. Ги чека понеделнички меч со незгодниот тим на Касимпаша, па веројатно Ервин Куман ќе бара чаре да победи да или ремизира против Динамо и да ги сочува силите за дуелот од турското првенство.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Челзи – ПАОК (21 часот)

Челзи е убедливо прв во групата Л и е сигурен патник во следната фаза, а ПАОК бие битка со МОЛ Види и со БАТЕ Борисов за втората позиција. Грчкиот тим е аутсајдер, има два порази од унгарскиот тим и во евентуален круг со нив, со еднаков број бодови ќе се прости од Европа. Моментно по 4 кола, грчкиот тим има 3 бода, како и БАТЕ Борисов, и три помалку од тимот за којшто игра нашиот репрезентативец Бобан Николов.

ПАОК вечерва мора да атакува на победа во Лондон, а токму таква игра му одговара на Челзи. Екипата која викендов нема да патува бидејќи го чека градското дерби со Фулам, па ќе може да му се посвети на дуелот со ПАОК и да се обиде со максимален ефект да ги заврши натпреварите во фазата по групи.

Предлог тип: 1 & T1 3+ (2.40) Квота на денот

 

- Оглас -

Најнови вести