Сам ги провоцираше противничките навивачи и потоа зажали (Видео)

Галатасарај во четвртокот гостуваше во Данска кај Рандерс во првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на Европа, а пред дуелот се случи немил инцидент на трибините.

Како што пренесуваат данскаите медиуми, на делот од трибината каде што требало да бидат ВИП гости, се појави еден навивач на Фенербахче, тим кој е лут ривал на Галатасарај во турското првенство.

Навивачот кој бил сам, започнал да ги провоцира фановите на Галатасарај, но на крајот зажали. Навивачите на Галатасарај успеаа да го пробијат кордонот на редари и влегоа на трибината каде што беше навивачот провокатор. Триесетина секунди траеше тепачката која сигурно ќе ја памти тој кој реши да провоцира.

 

- Оглас -

Најнови вести