Штутгарт и Оснабрик одиграа без голови во меч од 30. коло во втората германска лига, резултат што може да се смета како кикс за домаќините кои се во трка за директен пласман во Бундеслигата. Иако Штутгарт очекуваше да освои три бода, домашните може да бидат задоволни и со освоениот бод, поради тоа што гостите промашија неверојатна шанса.
Се играше 40 минута од мечот кога играчите на Оснабрик направија одлична акција, па двајца играчи останаа сами пред голманот на домаќините. Никлас Шмит реши несебично да ја додаде топката до Бенџамин Гирт, кој беше на пеналтикот, а пред себе имаше само празен гол.
Сепак, кога сите очекуваа гостите да поведат, се случи чудо. Гирт успеа да го промаши празниот гол и топката заврши во стативата.
Osnabrück spelar i Stuttgart i detta nu. 0-0 i paus, men det är inte helt orimligt att tycka att de borde haft ledningen. pic.twitter.com/SB6Kra0Iwg
— Erik Niva (@ErikNiva) June 7, 2020