МЗТ Скопје Аеродром го понижи Работничии победувајќи го со 97:63 во меч од четвртфиналето на Купот на Македонија. По мечот, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев беше многу разочаран од најголемиот пораз што Работнички го претрпел од вечниот ривал во куп пресметка.
„Честитки за екипата на МЗТ. Како изгледаше мечот ние најверојатно дојдовме како туристи во гевгелија. Одговорноста ја преземам јас. Екипата немаше жар и желба за победа на овој дуел. Точно е дека имаме и некои интерни проблеми во клубот, но тоа не е изговор кога играме против МЗТ. Во една прилика кажав дека дојдовме да го освоиме Купот, но изгледа тоа беше само една празна фолскула. Големо е разочарувањето, мене ми е срам од овој натпревар. МЗТ не нѐ надигра, туку ни одржа лекција по кошарка“, рече Самарџиев по убедливиот пораз на неговиот тим.
Самарџиев потенцираше дека најголеми шанси за освојување на куп трофејот имаат токму МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, двете екипи кои ќе играат во полуфиналето.