Самба на младите Бразилците, го растурија Уругвај со 7:0, четвртиот гол е совршенство (Видео)

Младинската репрезентација на Бразил за играчи до 20 години го декласира големиот ривал Уругвај со 7:0 во пријателски меч, а голобрадите момчиња од најтрофејната фудбалска земја на светот играа како искусни велемајстори.

Блескаше Маркос Леонардо со 4 гола, а токму четвртиот на мечот што 19-годишниот напаѓач на Сантос го постигна во 53-тата минута е вистинско совршенство.

Тинејџерот Матеус Насцименто, кој има само 18 години и игра за Ботафого, одигра прекрасно со петица, го исфрли во фор Леонардо, а овој со лоб удар го префрли голманот на Уругвај и во тој момент веќе имаше хет-трик.

Matheus Nascimento backheel assist to Matheus Leonardo’s goal for Brazil’s U-20s from soccer

 

Бразил постигна дури 7 гола, што е реткост во дуелите со големиот ривал Уругвај во која било возрасна фудбалска категорија, а интересно е што четиркратниот стрелец Леонардо воопшто и не беше стартер.

Принудно влезе во игра во 16-тата минута, откако се повреди Каио и блескаше на мечот со покер голови.

 

- Оглас -

Најнови вести