Самба во Доха, магија на Ришарлисон, маки за Србија (Видео)

Мечот помеѓу Бразил и Србија покажа зошто Кариоките важат за први фаворити за светски шампиони. Бразилците тотално ги надиграа нашите северни соседи, а ги победија „само“ со 2-0 со два гола на Ришарлисон, од кои вториот спектакуларен.

За Србија останува надежта дека во следното коло ќе го победи Камерун, а потоа против Швајцарија да се бори за место во осминафиналето.

Ришарлисон е првиот играч по Нејмар од 2014 кој дал два гола на своето деби на еден меч на СП.

https://twitter.com/i/status/1595879295892815876

- Оглас -

Најнови вести