Самбата на Анчелоти е хит, човекот кој ги освои сите топ лиги, атакува и на рекорд во ЛШ (Видео)

Откако стана прв тренер што има титули во сите пет топ лиги во Европа, следна цел на Карло Анчелоти е стане првиот во историјата со четири титули во Лигата на шампионите.

Анчелоти е во групата тренери кои имаат по три европски трофеи, а се наоѓа на две победи од рекордот. Нема да биде лесно, Реал мора прво да го елиминира Манчестер сити, а потоа би му следувало и финале веројатно со уште еден англиски супер тим, Ливерпул.

На денешната прослава на плоштадот „Сибелес“ во Мадрид, каде се собраа над 100.000 навивачи на Реал, 62-годишниот Анчелоти покажа и танцувачки способности, па негивата самба стана хит на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести