Самбија е во индуцирана кома, фудбалерот на Монпелје се бори за живот

Жуниор Самбија ја бие најтешката битка за животот откако ситуацијата му се влоши ѝ е приклучен на респиратор во болница во Монпелје.

Играчот од средниот ред на францускиот прволигаш се пожалил на болки во стомакот и дијагностициран му е гастроентеритис, односно воспаление на тракт во стомакот што е поврзан со тенкото црево, но ситуацијата се влоши откако е утврдено дека е позитивен на ковид -19.

Самбија има 23 години, во Монпелје е од 2018 година и има одиграно 44 меча и постигна еден гол за стандардниот член на француската Лига 1.

Сезонава Самбија одигра само еден меч сезонава за Монпелје, екипа која е осмопласирана пред прекинот на најквалитетната француска лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести