Трикратните шампиони се чудат: Ни сами не знаеме како се пласиравме во осминафиналето на ЕП

Се пласиравме во осминафиналето, а и сами не знаеме како, пишува германски „Билд“ остро критикувајќи го бледиот впечаток што во првата фаза од Европското првенство го оставија трикратните европски прваци.

Германија заедно со Шпанија е најтрофејната фудбалска нација во Европа со три шампионски круни, но само среќата и голот на Леон Горецка во 84-тата минута против Унгарија ги спаси од срам и елиминација во првиот круг.

„Ако сакаме да не се срамиме, мора да играме многу подобро. Само мечот со Португалија личеше на ниво што треба да го има и му прилега на трикратен европски првак. Сè останато треба да се заборави, особено мечот со Унгарија. Ако сакаме да ја победиме Англија, ќе мора да играме многу подобро“, пишува „Билд“.

И останатите германски медиуми, без исклучок, ја критикуваат играта на популарниот Маншафт и велат дека Англија е фаворит против Германија на „Вембли“ во дербито на осминафиналната рунда што ќе се игра на 29 јуни од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести