Само 1.000 Италијанци ќе може да отпатуваат во Лондон за финалето

На финалето на Европското првенство в недела во Лондон, италијанската репрезентација ќе може да смета на поддршка само од 1.000 свои фанови кои живеат во татковината.

Фудбалската асоцијација на Италија соопшти дека националниот тим ќе има 1.000 свои тифози на финалето на ЕВРO 2020 и тоа ќе бидат навивачи кои од владата во Рим ќе добијат специјална дозвола да патуваат до Лондон. Фановите ќе патуваат со чартер-летови од Рим и Милано, а во Лондон ќе смеат да останат само 12 часа. Освен тоа, ќе треба да направат тестови за корона-вирус при заминувањето од Лондон и да минат петдневен карантин при враќањето во Италија.

На полуфиналето помеѓу Италија и Шпанија, на „Вембли“ присуствуваа само фанови кои живеат во Велика Британија. Италија ќе има право на 6.500 билети за финалето, без разлика дали противник ќе им биде домашната Англија или Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести