Само 1,5 милиони евра го делат Димитриевски од преселба во Барселона!

Еспањол е во потрага по голман кој има искуство во шпанската прва лига и клубот од Барселона му фрлил око на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Понудата која Еспањол ја испратил за Димитриевски била 3 милиони, плус бонуси со кои сумата би стигнала до 4,5 милиони евра.

Но, од Рајо Валјекано, кој испадна во втората шпанска лига, сметаат дека оваа понуда не е доволна и за нивниот голман бараат 6 милиони, што значи дека разликата од понудата до барањата се 1,5 милиони и толку пари го делат Столе од преселба во клубот од Барселона.

Димитриевски во Рајо дојде од Химнастик и отштетата за него е 6 милиони, но тоа е премногу за Еспањол, кој сепак понудил максимум 4,5 милиони за македонскиот голман. Иако во Рајо знаат дека Столе сака да се пресели во некој клуб од Примера и има валидна понуда, сепак го одбиле Еспањол.

Во финишот на минатата сезона, Столе го загуби стартното место во тимот, новиот тренер му даде предност на Алберто. Ова не е првпат Еспањол да се интересира за Димитриевски. И лани постоеше таква опција, а зимоска за Столе се интересираше и Валенсија, но повторно претседателот на Рајо беше пречка.

Еспањол е упорен во намерата да ангажиура македонски фудбалер, тие се интересираат и за Енис Барди, па во најдобар случај може да имаме и двајца репрезентативци во овој стабилен шпански прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести