Само 142 секунди беа потребни за првиот гол во ЛШ, и тоа по грешка на голманот (Видео)

Дефанзивецот на Лајпциг Мохамед Симакан е стрелец на првиот гол сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите. Младиот 23-годишен одбранбен играч одлично реагираше по корнерот на Давид Раум и со глава успеа да го совлада голманот на Јанг бојс, Ентони Рацополи.

Чуварот на мрежата на домаќините делуваше изненадено и лошо реагираше, па топката заврши во неговата мрежа. Јанг бојс успеа да се врати резултатски и израмни на 1:1 со погодокот на Елија во 33-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести