Малку време останува да ги дадете вашите типови на Спортска прогноза на Sport Life за 31. коло. Во 14 часот започнува дуелот Елче – Мајорка, кога и завршува можноста да бидете дел од „трката“ за освојување на главната премија, мобилен телефон Ајфон 12.
Вкупно 13 парови се дел од предизвикот, а секако најатрактивен е дерби дуелот од полуфиналето во ФА Купот меѓу Манчестер сити и Ливерпул. Се игра на неутрален терен на „Вембли“, а прогнозерите повеќе шанси даваат на Сити.
Речиси 47 отсто веруваат во победа на Граѓаните во регуларните 90 минути, 33 отсто се за реми, а само 20 отсто типувале дека Ливерпул ќе победи и дека ќе обезбеди место во финалето по 90 минути игра.