Само 24 часа беа доволни за одлука: Сити е апсолутен фаворит против Јунајтед според играчите на Спортска прогноза

Поминаа само 24 часа од почетокот на типувањето на новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Само толку време им беше потребно на играчите да одлучат дека Манчестер сити е апсолутен фаворит во мечот против градскиот ривал Јунајтед.

Дури 78,84% од типувачите веруваат во победа на избраниците на Пеп Гвардиола, а само 8,91% предност му даваат на Манчестер јунајтед. Освен Манчестер сити, големи фаворити се и Атлетик Билбао, Монако, Севиља и Марсеј.

Типувањето е отворено до сабота во 14 часот.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести