Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна пред само 24 часа, а веќе се наѕираат фаворитите за претстојниот викенд.
Најголема поддршка од играччите на Спортската прогноза има Севиља. Дури 90% од нив веруваат во триумф на екипата од Андалузија во дуелот против Алавес на домашен терен.
Од гостинските екипи, најголема доверба има Виљареал за победа кај Хетафе кај дури 75% од играчите.
Фаворити се и Еспањол, Хамбургер, Астон вила, Интер, Удинезе и Наполи, додека најголем процент за нерешено има за мечот помеѓу Торино – Болоња (52%).
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


