8.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Само четири фудбалски клуба влегоа во топ 50 највредни спортски тимови во светот

Списанието „Форбс“ објави ранг-листа на 50-те највредни спортски тимови во светот за 2025 година.

Огромното мнозинство од нив се од САД, а меѓу првите десет доминираат тимови од НФЛ-лигата во американски фудбал. Далас каубојс го држи првото место како и секогаш од 2016 година наваму. Каубоите се проценети на 13 милијарди долари. 

Меѓу првите 50 има и четири европски фудбалски клуба: Реал Мадрид (20-ти; 6,75 милијарди долари), Манчестер јунајтед (24-ти; 6,6 милијарди долари), Барселона (42-ра; 5,65 милијарди) и Ливерпул (48-ми; 5,4 милијарди долари).

На ранг-листата се вклучени и два тима од Формула 1: Ферари (26-то место; 6,5 милијарди долари) и Мерцедес (34-то место; 6 милијарди долари), а хокејските клубови од НХЛ не беа вклучени во рангирањето.

Топ 5 највредни клубови на светот се: Далас каубојс (НФЛ), Голден стејт вориорс (НБА), Лос Анџелес ремс (НФЛ), Њујорк Џајантс (НФЛ) и Лос Анџелес лејкерс (НБА). 

- Оглас -

Најнови вести