По првите 30 минути од второто полуфинале во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, македонскиот шампион е во негатива од седум гола при резултат од 16-9. Црвено-црните уште од стартот на средбата се во резултатски заостаток, но благодарение на расположениот Дејан Милосављев Вардар несомнено сè уште има шанси да направи сензација.
Иако Барса тргна како што се очекуваше, со обид што побрзо да изгради предност. Вардарци беа во егал до 12-тата минута, пред фаворитот да дојде до првата посериозна предност од 7-4. Најголеми проблеми на Шпанците им прави токму разбранетиот Милосављев, кој забележа 7 интервенции до 15-тата минута, додека до крајот на полувремето забележа вкупно 12 одбрани.
На високо ниво брани и Перес Де Варгас, репрезентативецот на Шпанија одбрани неколку клучни напади на ракометарите на Парондо, и е најголем виновник што Барса успева да игра во високо темпо и од контра напади да ја гради убедливата предност. На пет минути до паузата Барса дојде и до големи +6, за по 30 минути резултатот да гласи 16-9 во корист на шпанскиот гигант.
Како и да е, има уште едно полувреме во кое се очекува многу подобра игра на Вардар и враќање на неивесноста на мечот.
.@HCVardar's goalkeeper Dejan Milosavljev is showing why he's the All-star Team goalkeeper this season – what a great match he's having so far!#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/YFPsQQrfIF
— EHF Champions League (@ehfcl) June 1, 2019