Во спортот многу пати се случува еден момент, еден потег, па и еден сантиметар да реши многу работи. Благодарение на современата технологија сега може многу лесно да се пресмета колку малку фалело или колку малку требало да се има среќа за да се одлучи еден меч.
Во фудбалот веќе редовна појава стана технологијата да го крои конечниот резултат, па имаше ситуации кога голови не беа признавани поради тоа што „малиот прст“ бил во офсајд, поради тоа што противникиот имал поголема копачка, па „шпицот од копачката“ бил во офсајд и уште многу банални ситуации кога беа поништувани голови, а тоа не се ситуации во кои противникот се стекнува со предност во однос на дефанзивецот.
ГОЛГЕТЕРИТЕ ЌЕ СИ ДОБИЈАТ НОВ СРЕЌЕН БРОЈ
Токму затоа најавата е дека уште од февруари може да се случи ВАР системот да претрпи промени. Најавено е дека судиите ќе добијат инструкции да може да толерираат офсајд позиции на играчи кои нема да имаат повеќе од 13 сантиметри предност пред дефанзивецот. Многумина ќе се речат дека нема да биде фер ако голот е поништен доколку се работи за 14 сантиметри офсајд, но стручњаците пресметале дека веќе со таа предност се стекнува можност за полесен погодок. Доколку се усвои овој предлог за толерирање на офсајд позиција, сите ќе се надеваат дека нема да претераат со повеќе од 13 сантиметри.
Многумина бројот 13 го сметаат за малерозен, но овојпат тоа ќе биде симбол за среќа на оние голгетери кои нема да ги надминат тие 13 сантиметри за офсајд позиција.
МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ ЈА ИМА НАДМИНАТО 13-КАТА
Веќе традиционално јануари станува месец на ракометната машка репрезентација која е редовен учесник на големи натпреварувања
Со почетокот на Новата година, веќе се навикнавме дека треба да се подготвиме за нови ракометни возбудувања кои ни ги нуди машката македонска репрезентација. Нашата најуспешна селекција веќе со години е дел од најголемите раакометни настани.
Од 2012 година кога беше Европското првенство во Србија, а Македонија стигна до историското 5 место, Македонија без ниту едно отсуство нареди четири Светски првенства и уште три европски. Сега повторно на ред е континентално натпреварување. Ако се соберат настапите на СП, ЕП и Медитеранските игри, за Македонија ова е 15-ти настап на големо натпреварување и тоа во последниве 25 години.
Се надеваме дека фудбалските 13 сантиметри од ВАР системот, ќе бидат среќни за Македонија на мечевите во Виена, затоа што не ретко знаело да се случи и за помалку од 13 сантиметри, наместо во гол, топката да заврши во стативата или покрај голот. Македонија има сили, има искуство, а се надеваме дека ќе има и среќа за да стигне до значаен пласман на континенталниот собир кој започнува оваа недела.
СЕ ВРАЌАМЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА
Од утре продолжува и Спортска прогноза каде доколку погодите „Среќна 13-ка“ може да освоите мобилен телефон Ајфон. Чекајте ги новите парови за прогнозирање, а секако оваа недела типувајте и на ракометните возбудувања и навивајте за Македонија.