По седум години пауза, патеката Нирбургринг во Германија викендов повторно е домаќин на најдобрите возачи во светот. Иако секогаш условите за трка на оваа патека биле одлични, Формула 1 вчера се соочи со еден неочекуван проблем. Пороен дожд ја прекина тренинг сесијата, а патеката на некои делови изгледаше како езеро.
Од 15 часот денеска се закажани квалификациите, времето повторно ќе биде нестабилно, но сепак не се очекуваат такви проблеми како вчера. Луис Хамилтон кој сезонава доминира во квалификациите, повторно е прв фаворит за пол позицијата, но временските услови може да направат и некои изненадувања.
Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас е главен ривал на Хамилтон, а според коефициентите за победа на било кој од останатите возачи коефициентот е над 10, па можеби е и време да се брка некое изненадување.