Само денеска и никогаш повеќе: Ѕвезда е разбиена, а Партизан и Гробарите тагуваат! (Видео)

Анадолу Ефес ја прегази Црвена ѕвезда со 100-55 и го обезбеди десеттото место во Евролигата, кое носи во плејин-разигрувањето како предигра за четвртфиналето на плејофот во кое директно одат првите шест тима.

Овој резултат на ривалот во нормални услови би ги радувал фановите на Партизан, но ним вечерва не им е мило што Ѕвезда загуби. Поразот на Црвено-белите од Белград значи дека Партизан и теоретски остана без шанса за влез меѓу десетте најдобри во Европа.

Инаку, мечот во Истанбул не беше пријателски, имаше три исклучувања, две за играчи на Ѕвезда, едно за кошаркар на Ефес.

Завршија уште два меча од ова последно коло од регуларниот дел на сезоната во Евролигата. Монако го победи Баерн со тесни 89-85 откако домашните првото полувреме го добија со 22 поени разлика. Со оваа победа, Монако си ја обезбеди домашната предност во четвртфиналето.

Во Каунас имаше драма, Реал Мадрид го победи Жалгирис со 64-62, со кош на Габриел Дек во последната секунда. И пред мечот се знаеше дека Реал е прв, а Жалгирис нема шанса за освојување на десеттото место и плејин.

Погледнете го кошот кој ги скрши срцата на литванските фанови:

- Оглас -

Најнови вести